Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на првата прес конференција, по завршувањето на гласањето на локалните избори соопшти дека регистрирале голем број на неправилности и ги обвини СДСМ.
„На власт во државата имаме гарнитура која е потопена во криминал и корупција и соодветно на тоа имавме избори каде забележавме нерегуларности, нарушување на изборниот процес и коруптивно делување на власта. Така, во текот на вчерашниот и завчерашниот ден забележавме кршење на изборниот молк, заплашувања, притисоци и уцени од страна на носители на јавни функции, поединци минитри, злоупотреба на државни ресурси за партиски цели. Имаме сомневањаа поткуп во Прилеп, Велес, Битола, Делчево, Демир Капија, Неготино, Охрид и делови од Скопје, за брутален физички инциднет на напад врз новинар и медумски работници во Прилеп, за бугарски воз и за полнење на кутии во Сарај“, изјави Миле Лефков кој дополни дека се поднесени приговори.
Од партијата најавија дека очекуваат добри изборни резлутати во првиот круг