Вести Локални избори 2021 Македонија

Првични резултати од Штип според партиски извори

Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ известува за преброени над 20 избирачки кутии за градоначалнички кандидати, и според тие сознанија, Иван Јорданов нивниот партиски кандидат освоил 2.701 гласови, а актуелниот градоначалник од СДСМ Сашко Николов има освоено 1.856 гласови.

Од штабот на СДСМ пак брифираат дека се уште е рано за резултати бидејќи избирачките одбори ги пребројуваат гласвите за совет и за градоначалник.

Станува збор за првични сознанија добиени од партиските набљудувачи.

Викторија Јованова од Штип јавува и дека цензусот е надминат за евентуален избор на градоначалник во прв круг.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации

Tea Dimkovska

Ричард Гир: Мигрантите не се „штетници“, туку луѓе кои бегаат од страдање

Tea Dimkovska

Фетаи ќе биде именуван за нов специјален претставник на македонската влада во Брисел

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе