90 пријави во текот на денот се примени во МВР, соопшти предмалку министерот Оливер Спасовски. Најголем број се на подрачјето на Скопје – 22, а најчеста пријава која ја добила полицијата била за агитирање – во 42 случаи. Од нив 7 се отфрлени а по останатите се постапува.
Во МВР се доставени и 13 пријави за изборен поткуп од кои 5 се отфрлени, 7 пријави се за закани кон гласачи, 6 за фотографирање на гласачко ливче. Во 7 случаи се инволвирани полициски службеници и два се основани а се однесуваат за агитирање во корист на одреден аполитичка партија.
„Имавме мирен изборен ден, граѓаните ја демонстрираа својата зрелост и одговорност да одлучуваат за својата земја. Изборите минаа во мирна и фер атмосфера како што доликува на секоја демократска земја. МВР нема регистрирано посериозни нарушувањеа на Јавниот ред и мир и изборниот процес. Регистрирани се 90 пријави што е за 40 отсто помалку споредено со претходните избори. Помалку 40 настo во споредба со претходните избори“, изјави Спасовски