Ковид19 Топ вести

364 основни и 109 средни училишта ќе бидат дел дел од Ковид-тестирањето

Основците во поголем број од средношколците ќе бидат дел од скринингот на здравствените и образовните власти, информираат денес надлежните. Во 364 основни и 109 средни училишта ширум државата следната недела ќе се зема брис. Дотогаш ќе се бара писмена согласност од родителите, а со тоа е започнато веќе од денес. Од секторот Здравство потенцираат  дека тестирањето ќе трае помалку од една минута, ќе биде безболно и безбедно, како и секое друго земање брис од грло или носна шуплина.

„Министерството за здравство ќе го реализира скринингот во училиштата по извршен случаен избор на ученици, а тестирањето ќе го прават здравствени работници, кои ќе ги тестираат учениците во самите училишта, во просторија одредена од страна на училиштето.“

Најмногу тестови ќе бидат направени во Скопје – 766. Следи Тетово со 546, Куманово со 489, Битола со 378, Прилеп 309 и Гостивар 296 тестирања. Надлежните апелираат да нема отпор кај родителите за скрининг, затоа што тоа е во интерес на учениците – да може соодветно да се носат одлуки за образовниот процес, базирани на докази. Ова се случува во моменти кога месец и половина учениците присуствуваат на настава со физичко присуство во училишните клупи, а од Образование речиси секојдневно велат дека процентот на новозаразени се движи од 0,01 до 0,03 отсто.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Бура ја погоди Атина, небото се отвори, дожд и грмежи и на Халкидики, на Олимп силен град ја прекри планината во бело

Дејан Дејан

Обвинителството не ја поврзува смртта на вработен од Комуналец во канал, со загадувањето во Гостивар – има видеозапис од неговата интервенција

Дејан Дејан

Што стои зад договорот за унгарскиот кредит за кој новиот премиер Маѓар најави истрага

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе