Белата пена целосно ја исполни површината на Лепенец пред влевањето во Вардар. Откако се известени надлежните, претсавници на Водовод со инструменти за земање на примероци издвоија дел од пената за да ја испитаат. Вработените кои се спуштале до коритото не почувствувале никаков мирис во близина на пената.
Примероците треба да утврдат од што е пената, а истовреме и градската и државната инспекција за животн средина ги проверуваат објектите за производство кои се во близина на текот на Лепенец.
Скопскиот градоначалник вели дека во потрагата по загадувачот се вклучени и дронови, додека од министерот барал казни за загадувањето кога ќе се утврди одговорноста.
По текот на Вардар, пената полека се растворуваше во релната вода и количината на пената се намалуваше. Но, на вливот на Лепенец густата бела пена течеше речиси два часа и овозможи инспекторите да земат примероци.
Државниот инспекторат за животна средина е вклучен во постапката и најави дека лабораториските анализи треба да утврдат од што е пената и колку ги загадила речните води во главниот град, нешто што почесто се случува на реката Лепенец.
Миомир Серафиновиќ
(фото)Бела пена ја прекри реката Вардар доаѓа од Лепенец – инспекторатот е на терен
