Ковид19 Македонија Најважни

11-та жртва од Ковид – 19 во Штип, нови пет заболени во штипска конфекција

Штип ја бележи 11 жртва, штипјанец на возраст од околу 55 години почина во Градската болница 8 ми септември, претходно имал и други здравствени проблеми. Центарот на истокот и денеска е со двоцифрена бројка во здравствениот билтен, пет нови случаи се од приватниот скрининг на штипската конфекција, додека за останатите епидемиолзите се уште ги прават анкетите за да утврдат како се заразиле или се контакти од веќе постојните бројни калстери.

Додека епидемиолзите секојдневно тестираат на другата страна од градот болницата почнува со подготовки за проширување на капцитетите. На овој празен простор над детското одделение ќе биде поставена мотнажната болница за 50 пациенти. Нема да имаат голем трошок, а во функција ќе се стави од септември.

Во моментов 54 пациенти се хоспитализирани на инфективниот оддел, најмладиот пациент има 24, а највозрасниот над 80 и доаѓа од радовишкиот Дом за стари лица. Доколку деновиве се исполни капацитететот од 60 пациенти на штипско инфективно,  тогаш позитивните   ќе се згрижуваат во други болници.

Пациентите  од истокот кои не се со Ковид 19, а им е потребна лекарска помош од инфектолог се хоспитализраа на Кожното одделение. Во меѓувреме неколку штипски конфекции најавуваатз затварање на своите погони, епидемиолозите доставиле предлог до Комисијата за заразни болести радовишкиот Дом за стари лица да биде ставен под карантин. Досега позитивни на вирусот се седум станари и тројца вработени.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе