Ковид19 Македонија Најважни

Штипската болница ќе постави монтажна болница за бранот од септември

Штипското Инфективно одделение од септември се проширува. Новата мотнажна болница, која до септември ќе се отвори ќе има капацитет за дополнителни 50 пациенти.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев на денешната прес-конференција истакна дека петте модули, од кои секој модул има капацитет за 10 кревети, ќе се сместат меѓу детското и инфективното одделение.

– Утринава имавме состанок со градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски и стручни служби од општината за да се утврди локацијата, каде да се постави монтажната болница, со цел до неа да има инсталирано и водовод и канализација. Избрана е оваа, над детското одделение и на неколку метри од Инфективниот оддел, вели Ѓеорѓијев.

Тој истакна дека медицински кадар имаат и за оваа болница, во неа ќе бидат ангажирани кардиолзи, анестезиолози, интернисти, медицински сестри и друг помошен здравствен персонал од останатите одделенија. Во моментов на Инфективното одделение се хоспитализирани вкупно 54 пациенти, од кои најмладиот пациент има 24 години, а највозрасниот има над 80 и доаѓа од Домот за стари лица во Радовиш.

Прашан каде се лекуваат оние пациенти, кои немаат Ковид-19, но им треба лекарска помош од инфектолози, а имајќи предвид дека летниот период е време и на труење со храна, Ѓеорѓијев со одговор дека веќе таквите пациенти се примаат на кожниот оддел. Мој термин се уште не е ставен во функција за пациентите во штипската Клиничка болница.

Ѓеорѓијев забележа дека доколку деновиве имаат наплив на поголем број на пациенти на Инфективното одделение во тој случај ќе се хоспитализираат во други болници, инаку засега бројката се одржува стандрадно, со тоа што одредени пациенти чекаат и контролни тестови, а шестмина пациенти се со потешка клиничка слика и се на повремена кислородна поддршка.

Потенцираше дека досега ниту еден пациент на Инфективното одделение не е ставен на респиратор, ниту пак од почетокот на пандемијата имаат вклучено некоја од овие машини, кои им се на располагање.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

И Пендаровски и Силјановска Давкова ќе ги прифатат уставните измени доколку бидат изгласани во Собранието

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе