Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 904 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19.
Најмногу се регистрирани во Скопје – 57; Штип -13; Свети Николе – 12 ; Струга -10; Гостивар – 8; Охрид – 7; Тетово -6; Куманово и Кичево – 4 ; Пробиштип и Кратово по двајца и Кавадарци и Демир Хисар по еден позитивен.
Процентот на позитивни тестови е повторно висок и изнесува 14%.
Починати се 8 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово, еден од Струга и еден пациент од Кичево.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст 70 и 93 години.
Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица на возраст 34,45,78 и 87 години, а кај 62 годишен пациент, вирусот е потврден постмортем. Во КБ Тетово почина пациент на 78 години.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 83 оздравени лица од: Скопје-35, Штип-8, Тетово-33, Велес-1, Гостивар- 5, Пехчево-1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9153, бројката на оздравени пациенти е 4810, на починати е 422, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3921.
Направените 904 теста се преку: ИЈЗ-433, ЦЈЗ Скопје-25, Авицена-205, Биотек-113, МАНУ -21, Жан Митрев (Филип Втори) –(не доставиле податоци), Систина со PCR метода -88, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-19. Досега во земјата се направени вкупно 85.820 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 94 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6 деца позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 94 пациент. На респираторна машина се 3 пациенти.