Рекордно висок број новозаразени од коронавирусот во Македонија. По крајот на изборниот процес, големиот број митинзи и средби со граѓаните, министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се потврдени 241 нов случај на Ковид 19.
Најмногу нови инфекции има во Скопје, 73, потоа Штип – 60, Тетово – 32, Гостивар 14 и Куманово 10. 8 нови случаи има во Кочани, 6 во Гевгелија , по 5 во Прилеп и Свети Николе и 4 болни во Струмица. 3 нови потврдени случаи има и во Битола, Радовиш, Крива Паланка и Струга. Охрид, Кичево и Демир Хисар имаат по 2 нови случаи, додека по 1 нов случај се регистрирани во Дебар, Велес, Крушево, Пробиштип, Виница и Кратово. Исклучително висок е и процентот на позитивни резултати од направените 1700-тини тестови – 14,1%.
Министерството за здравство информира и дека има нови 8 жртви на корона вирусот.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починале тројца пациенти на возраст од 59, 61 и 62 години.
Во ГОБ „8 септември“ починати се четворица пациенти – двајца на возраст од 67 години и двајца 76 годишни пациенти. Во КБ Тетово е починат пациент на возраст од 66.
Очекувано, со драстичниот пораст на нови случаи, се зголемува и бројот на хоспитализирани пациенти. На инфективна на болничко лекување, примени се 17 пациенти а вкупно се лекуваат 93 луѓе, од кои на кислородна поддршка се 44 пациенти.
Во градската општа болница “8-ми Септември” примени се 12 нови пациенти, а вкупно таму се лекуваат 87 луѓе, од кои 5 се на респираторна машина.
Во болницата во Козле, која функционира како Ковид центар, хоспитализирани се 15 возрасни пациенти и 7 деца позитивни на вирусот.
Во битолската болница, хоспитализирани се 35 луѓе, а во Штип 51 пациент.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 131 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9026, бројката на оздравени пациенти е 4727, на починати е 414, а исклучително висока е и бројката на активни случаи, која изнесува 3885
Најголем дел од нив се во Скопје – 1868, но големи бројки има и во Куманово – 236, Штип-272, Тетово -325 ,Гостивар 190, Свети Николе -169, Дебар – 111,Струга 170.
Министерството за здравство соопштува и дека денеска има 51 оздравено лице.
Никола Илиевски