Македонија Најважни

Пописот почна во 50 пописни реони

Изутринава, попишувачот Горјан Кузмановски заѕвони на влезната врата од домот на Ѕвонко Трајковски во општината Ѓорче Петров.

Се легитимираше и дезинфицираше согласно протоколите, по што обајцата со маски на лицата, седнаа во дворот.

Попишувачот ќе се врати во истата куќа за да ги евидентира матичните броеви и другите податоци и за другите членови на домаќинството.

Се надева дека  секаде ќе му отворат врата.

Пописот почна во сите 50 реони. Првиот ден изминува без проблеми, информира Заводот за статистика.

Пописот го спроведува еден опишувач. Доколку домаќините побараат да бидат прашувани на јазик што попишувачот не го познава, ќе им биде испратен друг, со соодветен јазик.

Службените лица се препознатливи по маиците на кои пишува Попис 2021 и специјалните легитимации.

Граѓаните треба да ги проверат и да одговорат на прашањата. Одбивањето или давањето неточни податоци се казнува со глоба од 200 до 300 евра.

Бројот на попишаните секојдневно ќе биде објавуван во дневен извештај. Паралелно, од март до сега самопопишани се над 191 илјада иселеници и лица со привремен престој во странство.

Првите вкупни резултати се очекуваат во јануари. Попис на населението во земјава немало 19 и пол години.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

По смртта на градежниот работник во Трубарево инспекторатот за труд го затвори градилиштето

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе