Вести Свет

Ураганот Ајда уби најмалку 45 луѓе во САД

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека се потребни историски вложувања во справувањето со климатската криза додека североистокот на земјата се справува со последиците од поплавите и торнадата, во кои загинаа најмалку 46 луѓе. Њујорк и Њу Џерси вчера беа погодени од досега невидени врнежи како последица на ураганот Ајда, при што беше поплавена и подземната железница, а над 10 луѓе се удавиле во своите потопени подрумски станови.

Бајден прогласи вонредна состојба во Њујорк и Њу Џерси, додека градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, ги искритикува метеоролозите, зашто нивните прогнози биле исмеани за само неколку минути. Рече дека бил предупреден да очекува врнежи до 15 цм во текот на целиот ден, а во само еден час на менхетен наврнаа рекордни 80мм.

Во рок од само еден час небото буквално се отвори и на улиците на Њујорк донесе ниво на вода како Нијагарини водопади“, изјави гувернерката на Њујорк, Кејти Хокал.

Снимките од Њујорк покажуваат над 500 оставени автомобили на потопени автопатишта, полицијата соопшти дека извлекла 835 луѓе од подземната железница.

Врнежите и поплавите уследија три дена откако моќниот ураган Ајда ја погоди Луизијана, каде што имаше деветмина загинати. Тука е прогласен полициски час, а малите гратчиња се речиси 90% уништени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин, денеска ќе разговарам со Зеленски

Дејан Дејан

Алиу најави проширување на позитивната листа

Дејан Дејан

За 2,3 проценти зголемен бројот на студенти запишани во 2024/2025 во однос на претходната академска година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе