Вести Македонија Топ вести

Починатиот 24-годишник од Ресен самиот се испишал од болница

24-годишниот ресенчанец кој утрово починал од ковид 19 во Битолската клиничка болница, самиот потпишал дека на своја одговорност го напушта болничкото лекување. Од МЗ велат дека

пациентот бил примен на Клиниката на 24 август како суспектен на Ковид19, имал ниска сатурација и отежнато дишење, биле направени сите потребни лекарски проверки, тој имал масивна бронхопневмонија, ниска сатурација, и веднаш му била дадена терапија и бил ставен на кислородна поддршка.

Откако ја примил терапијата, пациентот одбива да остане на болничко лекување, иако запознаен со сериозноста на состојбата и потребата од доиследување, пациентот бара да биде пуштен на домашно лекување. По потпишана изјава дека си оди на сопствена одговорност, пациентот е испишан со препишана терапија која треба да ја прима во модуларната болница во Ресен.

Следниот ден, на  25 август, пациентот е донесен од ОБ Охрид за хоспитализација во КБ Битола. Веднаш хоспитализиран во тешка општа состојба со ниска сатурација, поставен на двојна кислородна поддршка, интензивна терапија, но и покрај тоа постојано му се влошува состојбата и паѓа сатурацијата. На 27 август утрото и покрај обидите на лекарите да го спасат, пациентот починал. Во системот не се заведени коморбидитети кај пациентот и тој не бил вакциниран.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе