Вести Македонија Топ вести

Ветрот откорна дел од покривот на ООУ „Владо Тасевски“ – оштетени возила, над 1.000 повици на бројот 112

Над 1.000 јавувања од граѓани се регистрирани преку бројот на итни повици 112 поради невремето проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„Во Скопје е пријавена падната кровна конструкција од зграда на ул. „Женевска“ бр. 10, пришто се оштетени повеќе патнички возила. Регистрирани се и паднато дрво врз моторно возило на ул. „Методија Митевски“, паднато дрво на ул. „Никола Тримпаре“, како и падната кровна конструкција на ул. „Трифун Бузев“. Исто така, пријавено е дека дел од кровната конструкција на ООУ „Владо Тасевски“ е откорната од силниот ветер. На ул. „Хелсинки“ бр. 5 се регистрирани две паднати дрвја, додека на ул. „Скупи“ бр. 89 паднати дрвја оштетиле електрични кабли, патничко возило и дел од куќа“, соопштија од ЦУК.
Во Куманово е пријавена падната кровна конструкција на булевар „Октомвриска револуција“.
„За сите пријавени настани се известени и постапуваат надлежните служби, кои се на терен и работат на расчистување и отстранување на последиците од невремето“, додаваат од ЦУК.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Десетици лица се повредени на протестите во Болоња, откако маж почина додека бил приведуван од полицијата со употреба на физичка сила

Igor Trajkov

Раководителите на гостиварски „Комуналец“ однесени во Шутка

Sasko Dimovski

(Видео+фото) Откорнати лимови од покриви, скршени дрвја и гранки – апокалиптични сцени од невремето во Скопје

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе