Подобра економска соработка, растечка трговска размена и инвестиции, соработка во науката, образованието, здравството е тоа за што се договориле претседателките на Македонија, Гордана Силјановска Давкова и претседателката на Индија, Друпади Мурму, како прв претседаѕел на Индија кој ја посетил Македонија.
Двете претседателки се заложиле трговската размена меѓу двете земји која сега изнесува 133 милиони долари, за пет години да достигне 500 милиони долари.
Мурму, освен средбата со Силјановска, се обрати и пред пратениците во собранието, а попладнево со бизнис делегацијата со која допатува во земјава ќе прусуствува и на бизнис форум со македонските компании.
Индиската претседателка својата посета на Македонија ќе ја заврши утре со посета на Охрид.
