Владата на денешната 195 седница, на предлог на Управувачки комитет донесе одлука за прогласување на кризна состојба во Општина Гостивар во рок од 30 дена.
„Со оглед дека локалната самоуправа не може да се справи со настаната состојба во Општина Гостивар, Владата донесе ваква одлука за прогласување на кризна состојба се со цел побрза координација на институциите како и ставање на водоснабдителниот систем во функција и обезбедување на вода за пиење во најкраток можен рок“, пишува во владиното соопштение.
Од таму додаваат дека очекуваат ЈО да спроведе детална истрага и да го расчисти случајот, одговорност мора да има за секој еден што го ставил во ризик здравјето и животите на гостиварчани.
