И по две недели од јавното отворање на понудите од Министерството за транспорт и врски се уште не кажуваат кои се фирмите кои се јавиле на повикот за набавка на новите автобуси.
Иако, пред неколку дена министерот Николовски кажа дека овој понеделник ќе добие инофрмација кој се фирмите и од каде се, сега од таму на прашања на Телма соопштуваат дека Комисијата составена од претставници од Министерството спровела евалуација на доставените понуди и по ова доставиле покана за електронска аукција за прифатените понуди којатреба да биде во четврток, па откако ќе заврши целиот процес од министерството ќе ги објават сите информации.
За сега се знае само дека се пријавиле четири компании но кои се, од каде и дали може би има некоја кој конкурирала и на претходните повици кои пропаднаа, информации нема. Ова е трет обид да се најде фирма која ќе ги испорача новите 150 автобуси за Скопје и зса други општини, но и 75 станици за полнење.
