Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во западните делови ќе дува слаб до умерен, повремено засилен западен ветер.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 20°C, а максимумот од 27 до 32°C.
Информација од ова утро 21.7.2026
Утринска температура измерена во 8 часот (во °C)
26 Дојран, 25 Гевгелија, 24 Кавадарци, 23 Крушево, Охрид, 22 Струмица, Демир Капија, Радовиш, 21 Скопје, Битола, Претор, 20 Тетово, Дебар, Виница, Штип, Прилеп, 19 Mаврови Анови, Пожаране, 18 Куманово, Крива Паланка, 16 Берово.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
15 Куманово, 12 Крива Паланка, 10 Берово, 7 Струмица, 6 Виница, 1 Штип.
Деталите во Телма МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
