Новиот британски премиер, лидерот на лабуристите Ендру Бернам денеска изјави дека британските политичари мора да бидат подобри, а на Велика Британија и треба нов политички и економски модел.
– Знам дека луѓето кај нас се презаситени од политиката. Ве слушам и сакам да бидам искрен, не бевме доволно добри и треба да бидеме подобри … Британија во 80-тите години направи неколку погрешни свртувања. Политичката моќ беше централизирана, економската моќ приватизирана, големи делови од земјата индустријализирани и сè уште не заздравиле. Многумина чувствуваат како и понатаму да се во пад и немаат моќ да ги свртат работите. И затоа ќе ја промениме политиката, ќе ја направиме поколаборативна, повеќе насочена кон решавање проблеми отколку за освојување поени, наведе Бернам во првиот премиерски говор.
Тој најави намалување на моќта на владата во Лондон и делигирање на ингеренциите на локалните власти.
Бернам, исто така најави и дека неговата влада ќе изгради нова економија со посилна јавна контрола врз основните животни потреби.
