Вести Свет

Продавале небезбедни играчки и опасна козметика, ЕК ја казни АлиЕкспрес 550 милиони евра

Казна од 550 милиони евра и изрече ЕК на кинеската онлајн трговска платформа АлиЕкспрес, бидејки не успеала да преземе ефикасни мерки за намалување на ризикот од ширење на забранети производи.

-Ризиците мора систематски да се идентификуваат и да се решаваат, изјави еврокомесарката за дигитални прашања Хена Виркунен.

Брисел ја обвинува онлајн платформата дека не ангажирала доволно персонал за проверка на производите.

Освен тоа, според соопштението на ЕК, системите за препораки и рекламирање на веб-страницата им препорачувале на клиентите нелегални производи. И покрај напорите на компанијата, на корисниците од ЕУ им биле препорачани „речиси 15 милиони забранети производи“ на платформата, изјави портпарол на Комисијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вкупно 198 пациенти прегледани изминатото деноноќе во Гостивар

Kristina Kuzmanovski

Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Индија

Kristina Kuzmanovski

Паднати дрвја од невремето во Дојран оштетија возила, натстрешници и кровови

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе