Вести Македонија Топ вести

Направил обрач со бензин и ја потпалил депонијата во Кочани – додека не се изгасне целосно, ќе има рестрикции во собирањето на сметот

Алармантна е состојбата со пожарот на Градската депонија во Кочани. Со цел да се заштити депонијата од пиромани, во наредниот период ќе има мобилни патроли, а ќе се користат и термални дронови, ова се дел од заклучиците на денешната  седница на Кризниот штаб. Според надлежните пожарот, кој избувна вчера  е намерно предизвикан. Депонијата во која отпадот го складираат општините Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево е запалена вчера и тоа на тешко достапен терен, а според сознанијата на Грозданов теренот е полеан со бензин, направен е обрач околу депонијата, по што е запалена депонијата.

„Едноставно на некој му смета како е средена и како функционира. Најверојатно му треба чад и отров за да не труе. Од позиција на тешко достапен терен, некој диверзант, пироман има направено еден вид обрач , најверојатно со бензин и ја има потпалено депонијата-градоначаникот на Кочани Грозданов.

Грозданов предупреди дека секој кој ќе биде фатен на лице место загрозувајќи го здравјето на граѓаните ќе биде и санциониран, бидејќи се вклучени сите институции. Во наредните денови на кочанската депонија сметот нема да се депонира од соседната Виница, со цел да се спречи повторно разгорување на огнот. Камионите на виничкото комунално претпријатие се веќе полни со отпад и во наредните два до три дена ќе има рестрикции во  собирањето на сметот.

Викторија Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Левица: Додека од чешмите во Гостивар течел отров, институциите спиеле

Kristina Kuzmanovski

Возел со 4,35 промили алкохол во крвта, полицијата го фати во Кочани

Kristina Kuzmanovski

Нови 50 проценти царини воведе САД за канадските производи

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе