Вести Македонија Топ вести

Фекалии лебдат на површината на велешко езеро, испитувањата покажале дека водата не е за капење, но е за наводнување

Ова се снимки од Езерото Младост близу Велес, каде на површината повторно се видливи траги од фекалии кои лебдат на површината. Загадувањето може да се види на неколку плажи на брегот на езерото, кое денеска дополнително се чистеше.

Ова е последниот извештај Хидробилошкиот завод од Охрид за водата во езерото. Го нарачало јавното претпријатие Лисиче кое е надлежно за водата во Младост. Земени биле примероци на почеток на Јуни и анализите утврдиле дека водата е загадена од 3 – 4 степен, но дека може да се наводнува со неа.

„Сепак имајќи ја пред вид сезонската динамика на езерскиот екосистем особено зголемувањето на температурите во летниот период можно е да дојде до промена на квалитетот на водата и во биолошките процеси кои се одвиваат во езерото“, рекоа од Хидробилошки завод – Охрид

Државниот еколошки инспекторат претходните три години до Општина Велес и ЈКП Дервен алармираше дека мора да се стави во функција малиот колекторски пречестителен систем, но и да се приклучат околните домакинства од населбата Отовица. Сметаше дека фекалиите не смеат да се излеваат во Отовичка река од каде се полни езерото а и дека во негова близина има септички јами. Исто така е неопходен нов дотур на вода.

„Општината прави максиум што може. Имаме чистење на Отовичка река“, изјави Марко Колев – градоначалник на Велес

„Да дополнам тоа што го кажа градоначалникот во делот со цевководот што треба да го поврзе хидросистемот Лисиче со Езерото „Младост“ се направија напори со пренамена од министерството за животна средина и мислам дека тие неколку метри цевковод којшто недостауваат ќе бидат обезбедени со ребалансот“, рече Христијан Мицкоски – Премиер

Во меѓувреме и Центарот за јавно здравје Велес објави дека ја испитувал водата на 1 јули. Со назнака важно заклучува дека постои појава на алги и на пена и голема количина на биомаса-густи, пифтиести,сунѓерасти наслаги со жолто-кафеава боја кои покриваат значителен дел од крајбрежјето. Инаку околу езерото масовно се гради во послендите неколку години, а дел од парцелите каде поминува колекторскиот систем, државата ги продаде на приватни инвеститори.

Билјана Николова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Левица: Додека од чешмите во Гостивар течел отров, институциите спиеле

Kristina Kuzmanovski

Возел со 4,35 промили алкохол во крвта, полицијата го фати во Кочани

Kristina Kuzmanovski

Нови 50 проценти царини воведе САД за канадските производи

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе