Од прв до последен таму треба да понесат морална одговорност, покрај претпоставките дека Обвинителството ќе се занимава со друга одговорност, порача премиерот Христијан Мицкоски во однос на состојбата со водата за пиење во Гостивар каде е прогласена епидемија.
„За морална одговорност, апсолутно таму од прв до последен треба да понесат одговорност, покрај тоа што претпоставува Обвинителството ќе се занима со друга одговорност. Очекувам дека од градоначалникот, па надолу, сите треба да понесат одредена морална одговорност“, нагласи Мицкоски при денешната посета на Велес.
Владата во текот на вчерашниот ден обезбеди 50.000 литри флаширана вода за пиење за гостиварци. За денеска се очекуваат нови три шлепери да дистрибуираат вкупно 60.000 литри.
„Сега треба „Водовод“ во Гостивар да пристапи кон прочистување на системот за да можат граѓаните да ја користат водата за технички потреби и за хигиена, бидејќи сега во моментот, вака како што е, не треба ниту за хигиена да ја користат. Од денеска па натаму локалното ЈП „Водовод“ да започне со чистење на системот, хлорирање за, да речеме, во рок од ден, два или три, граѓаните да можат да ја користат за техничка потреба. Тоа е веќе во ингеренции на локалната самоуправа“, додаде Мицкоски.
С.Д.
