Вести Македонија Најважни

Присвоил над три милиони денари од студенти со фалсификување на потврди за извршени уплати – кривична за вработен на Меѓународниот универзитет во Тетово

Управата за финансиска полиција (УФП) поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Тетово против службено лице вработено на Меѓународниот универзитет во Тетово, кое извршувало работни задачи како административен службеник, виш соработник за логистика и теренско работење, поради постоење основи на сомнение дека сторило кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 и „Фалсификување исправа“ од член 378 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

„Пријавениот А.З., како вработен на Меѓународниот универзитет во Тетово, во периодот од март 2020 година до февруари 2023 година ја злоупотребил својата службена положба и овластувања со намера да прибави противправна имотна корист за себе на начин што, искористувајќи ја својата службена позиција наместо паричните средства што во готовина му биле доверени од студентите на Природно-математичкиот факултет (прв и втор циклус), Факултетот за физичка култура и Факултетот за медицина да ги уплати на сметката на Универзитетот преку веб-апликацијата Е-pay (www.epay.unite.edu.mk), по основ на партиципација, кофинансирање и други трошоци за студирање, тој ги присвоил за себе, при што противправно се стекнал со имотна корист во вкупен износ од 3.362.272 денари, а за истиот износ причинил штета на Буџетот на Универзитетот во Тетово“, соопшти УФП.

За да го прикрие присвојувањето на паричните средства и трагите од стореното кривично дело, пријавениот изработувал фалсификувани потврди за наводно извршени уплати преку апликацијата Е-pay кои ги предавал на студентите како доказ за извршена уплата, додаваат од УФП.

„За нивната изработка искористил податоци, вклучително и QR-код, од автентична потврда за извршена уплата преку Е-pay со банкарска картичка на неговата сестра, по што со измена на податоците за уплаќачот, износот и датумот на уплата ја преправал потврдата и така фалсификуваните потврди им ги доставувал на студентите. Студентите, верувајќи дека уплатата е извршена, ги прикачувале потврдите како прилог („attachment“) во електронскиот систем и истовремено ги доставувале до студентската служба како доказ за извршена уплата“, информира Финансиска полиција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Паднати дрвја од невремето во Дојран оштетија возила, натстрешници и кровови

Sonja Petrusevska

Левица: Додека од чешмите во Гостивар течел отров, институциите спиеле

Kristina Kuzmanovski

Возел со 4,35 промили алкохол во крвта, полицијата го фати во Кочани

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе