Бројот на жртви по разорните земјотреси во Венецуела со искачи на 4.490 лица, соопшти претседателот на Националното собрание Хорхе Родригес. Само ден претходно, официјалниот број на загинати изнесуваше 4.333 лица.
Тој додаде дека во 108-те отворени засолништа се сместени над 19.000 луѓе кои останале без своите домови по земјотресите.
Два силни земјотреси со јачина од 7,2, односно 7,5 степени според Рихтеровата скала ја погодија Венецуела на 24 јуни, по што следуваа повеќе од 1.000 послаби последователни потреси. Во потресите се целосно уништени или тешко оштетени повеќе од 850 објекти, а најголеми штети претрпе крајбрежниот град Ла Гваира, во близина на главниот град Каракас.
