Вести Економија Македонија Најважни

Власта прифати два опозициски амандмани за време на расправата за ребаланс на буџетот

Два амандмани поднесени од опозицијата на ребалансот на буџетот беа усвоени, но видоизменети, од владејачкото мнозинство, на расправата во Комисијата за финансирање и буџет.

На ребалансот беа поднесени 224 амандмани – 90 од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и пет од владејачката Вреди. Власта го усвои амандманот на СДСМ кои бараа 10,5 милиони денари за социјална сигурност на жените во земјоделството, но власта прифати од предложените 500 илјади денари да се зголеми на 2 милиони денари.

Беше прифатен и амандманот на Левица, кои бараа повеќе пари за стабилно функционирање на националната СОС линија за жртви на семејно насилство. Левица бараше 5 милиони, власта прифати 2 милиони денари. Останатите, досега разгледани скоро 120 амандмани беа одбиени.

Со ребалансот се предвидува продлабочување на буџетската дупка за 110 милиони евра и ќе достигне 750 милиони евра, односно 4,1 отсто од БДП. Се предвидува зголемување на капиталните инвестиции за 94 милиони евра, со што годинава треба да достигнат 747 милиони евра. За владејачкото мнозинство, тоа покажува дека буџетот е развоен.

„Зборуваме за развоен и домаќински буџет. Овие бројки не се само очигледен чекор напред, овие бројки се отскок за државата, отскок кон развој и отскок кон современа и модерна Македонија“, вели пратеничката Билјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.

За опозицијата, ребалансот има две клучни мани – стагнираат даночните приходи, а се зголемуваат неданочните, кои се еднократни, а од друга страна се зголемуваат тековните расходи кои се трајни, што ќе направи проблем во иднина.

„Не е вистина дека задолжувањето оди само за капитални расходи, но и капиталните расходи годинава, и таа ставка расте за одреден процент, што не е колку што расте дефицитот, многу помалку, е заради тоа што годинава на ставката капитални расходи се платија расходи коишто во 2025 не можеа да бидат платени затоа што немаше пари во буџетот“, вели пратеникот Фатмир Битиќи од СДСМ.

Со ребалансот се предвидува раст на приходите, но уште поголем раст на расходите. Очекувањата за раст на економијата се намалени од 3,8 на 3,5 проценти, а за инфлацијата од 2,5 на 4,5 проценти. Приходите сега се планираат на 6,16 а расходите на 6,9 милијарди евра.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јаневска: Можно е затворање на пет универзитети и исто толку институти

Tea Dimkovska

Бактеријата еширихија како главна причина поради зголемениот број уринарни инфекции кај пациентите

Tea Dimkovska

Техеран без коментар за наводниот план за атентат кон Трамп – денес двете страни во нова рунда преговори во Оман

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе