Вести Свет Топ вести

Трамп: Би ми било „чест“ да се сретнам со врховниот лидер на Иран за да се постигне договор

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека меѓу Иран и САД продолжува индиректната размена на пораки иако во моментот не се водат официјални преговори меѓу двете земји – пренесе иранската агенција Ирна.

Тој кажа дека во меѓу последните контакти имало и пораки поврзани со потребата од спречување евентуален израелски напад врз Бејрут. Според него, Техеран, случувањата во Либан ги разгледува како дел од поширокиот регионален конфликт во кој се вклучени Иран, САД и Израел.

Нагласи дека секој иден договор за прекин на војната треба да опфати запирање на борбените дејства на сите фронтови, вклучително и во Либан.

Претседателот на САД пак Доналд Трамп пред новнарите изјави дека би му било „чест“ да се сретне со врховниот лидер на Иран за да се постигне договор за прекин на конфликтот.

Не сакам да се сретнам, но ако се сретнам, ќе ми биде чест да го сретнам. Би сакал да видам дали ќе постигнеме договор. Но, ако постигнеме договор, можно е да се сретнам со него? Би бил во ред со тоа, изјави Трамп.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Што претходеше на епидемијата во Гостивар – насилни протести, известувања за да не се пие водата, интервенции во мрежата

Sonja Petrusevska

Живот без вода за пиење на +40, гостиварци бараат санкции за сите одговорни

Sonja Petrusevska

Златко Перински е нов директор на Фондот за здравствено осигурување

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе