Вести Македонија Топ вести

Корупцијата почнала во Агенцијата која требалa да ги штити европските фондови – рече обвинителката на судење за ИПАРД во кој е обвинет и функционер

Судењето за злоупотреби со ИПАРД помошта за земјоделците почна со воведни зборови. На обвинителна клупа седнаа 8-мина обвинети меѓу кои поранешниот директор на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Илија Стоилев како и Џевдет Насуфи, поранешен министер за правда и за локална самоуправа во владата на Љубчо Георгиевски а сега како директор на обвинетата фирма „Сигнас-Арго“ од струшко Велешта .

„Ќе докажуваме дека целата оваа постапка е злоупотребена со цел заради корупцијата. Корупцијата имала цена од 50.000 евра“, рече и обвинителката Наташа Поп Трајкова и додаде: „Корупцијата започнала во Агенцијата која требало да ги штити европските фондови и парите на даночните обврзници“.

Според обвинителството неговата фирма не ги исполнувала условите за да ги добие финансиски средства од ИПАРД  па му ветил Стоилев  50 илјади евра. 20 илјади евра Насуфи ги предал на дел од обвинетите за да влијаат врз Стоилев рече обвинителката во воведниот говор која рече дека обвинението е поткрепено со посебни истражни мерки и други докази

Стоилев не можел да ветува исход кој не зависел од него рече одбраната во воведниот говор. Ќе докажува дека  директорот не учествува во бодувањето  ниту во рангирањето на фирмите  апликанти за помош. Обвинението му  препишува моќ која тој ја нема. И одбраната на Насуфи смета дека обвинението против него не може да опстои.

„Ниту дал ниту ветил ниту некој му побарабал средства“ рече адвокатот на Насуфи, Ненад Јаничевиќ .

„Како одбрана сметеме дека обвинението не може да го издржи товарот на сопствената  конструкција од причина што на 28.04 Европската комисија издаде официјално соопштение согласно кое по направена анализа не биле утврдени никакви неправилности“, рече адвокатката на Стоилев, Софија  Лаличиќ.

Обвинителката пак вели дека конкретниот случај  зак ој денеска има судење не бил предмет на разгледување и оцена на вонредната верификационата посета на специјалното тело на ЕК.

Една од обвинетите Јасмина Костадинова вработена во министерството за земјоделство на првото рочиште призна вина дека земала мито од 2 000 евра и доби 10 месеци затвор.

Обвинетите се товарат дека  сториле кривични дела давање поткуп, давање награда за противзаконито влијанија, примање награда за против законито влијание, примање поткуп и злоупотреба на службената положба.

По случајот, Европската комисија ја стопираше исплатата на 2,9 милиони евра од ИПАРД кои требаше да легнат на сметката на државата до крајот на јануари годинава. Министерството за земјоделство на крајот на април информираше дека конечно парите се одблокирани.

Елена Ивановска Мукоска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи ќе биде именуван за нов специјален претставник на македонската влада во Брисел

Tea Dimkovska

Полициската ЕБР го промовираше засилувањето – новите припадници ги прикажаа своите вештини

Дејан Дејан

Извештајот на Вајц за Македонија: Јазикот, културата и идентитетот не треба да бидат доведени во прашање од трети страни при процесот на интеграцијата кон ЕУ

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе