Агенцијата за храна и ветеринарство во изминатите две години спречила повеќе од 367 тони небезбедна храна да стигнат до потрошувачите, соопшти директорот Оливер Миланов.
Засилените контроли резултирале со враќање и уништување на небезбедни пратки, како и со илјадници инспекциски мерки за утврдени неправилности.
Од АХВ нагласуваат дека безбедноста на храната и заштитата на потрошувачите остануваат врвен приоритет на институцијата.
Во однос на контролите кои ги направиле во маркетите изминатиот период и при кои биле констатирани неправилности во декларациите на млечни производи за сега не откриваат точно за кои фирми станува збор.
Најавуваат дека следниот период ќе продолжат со контроли на производителите.
Б.С.
