Вести Македонија Топ вести

Муцунски: Нема услови за меѓувладин состанок со Бугарија за Договорот за добрососедство

Во моментов нема услови за одржување на трета меѓувладина комисија меѓу Македонија и Бугарија, изјави македонскиот шеф на дипломатијата, Тимчо Муцунски, откако Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент вчера изгласа во нацрт-извештајот за Македонија на известувачот, Томас Вајц, да влезе и амандманот на бугарските европратеници со барање за одржување на трета состанок меѓу влади на Македонија и Бугарија во насока на имплементација на Договорот за добрососедство и Протоколот.

  • „Во овој момент сметам дека нема услови за такво нешто, бидејќи сметам дека во овој момент треба да бидеме посветени на градење на доверба за многу други значајни прашања, а кои што се од стратешка природа“, рече Муцунски.

Но ако простор за трета меѓувладина комисија нема, како што вели Муцунски, поради прекршување од страна на Софија на неколку члена од Договорот, тој е на став дека средби за градење на доверба меѓу двете страни треба да има, иако средба на висок ниво меѓу двете страни, како што информираше, засега не е договорена.

Шефот на дипломатијата не сакаше да ја коментира изјавата на претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, кој за тоа дали на Македонија можат да и се дадат гаранции во форма на заклучоци на Европскиот совет, дека во текот на преговорите со ЕУ нема да се отвораат нови билатерални теми, за земјава да ги спроведе уставните реформи, што го бара владата, одговори дека тој се надева на заклучоци од Советот дека Македонија го спровела договореното од 2022.

  • „Јас тоа што го чувствувам од највисоките претставници на ЕУ, е дека има желба за стимулирање на дијалог меѓу двете држави. Во моментов постои сериозен интерес од страна на земјите-членки и европските институции за раздвижување на политиката за проширување и доколку тој интерес е искрен, секако, и за нашиот спор ќе се најде соодветно, европско, решение“, изјави Муцунски.

Муцунски и денеска го повтори ставот на владата дека во овој момент услови за уставни измени нема и оти за да се случи ќе мора да има институционални гаранции и Бугарија да ги исполни своите обврски согласно Европската конвенција за човекови права.

Тамара Грнчароска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи ќе биде именуван за нов специјален претставник на македонската влада во Брисел

Tea Dimkovska

Полициската ЕБР го промовираше засилувањето – новите припадници ги прикажаа своите вештини

Дејан Дејан

Извештајот на Вајц за Македонија: Јазикот, културата и идентитетот не треба да бидат доведени во прашање од трети страни при процесот на интеграцијата кон ЕУ

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе