Германија за прв пат не успеа да освои непостојано место во Советот за безбедност на ОН. Министерот за надворешни работи Јохан Вадефул ја обвини Русија, но исто така призна дека цврстата поддршка на Германија за Израел чинела гласови.
На тајното гласање што го спроведе Генералното собрание за европските места, Португалија и Австрија добија 134 и 131 глас, додека Германија доби 104., што не беше довочно имајќи предвид дека з аибор и беа потребни две треитини од гласоввите односно 127
Советот за безбедност на ОН има 15 члена: пет постојани – САД, Русија, Кина, Франција и Обединетото Кралство – и 10 непостојни за период од две години, со места распределени за различни региони во светот.
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул одржа интензивни разговори со дипломати и владини претставници во Њујорк за да ја промовира германската кандидатура и до неколку часа пред гласањето, посочувајќи ја улогата на Германија како еден од најголемите финансисиски подддржувачи на ОН, како и на нејзиното ангажирање во мировните мисии, а на африканските држави им ветуваше поддршка за нивното барање за поголемо влијание врз Советот за безбедност.
По гласањето рече дека поддршката за Украина и Израел можеби е причина што Берлин не успеа да обезбеди ротирачко место. Гласњето го опиша како „горчлив пораз“
„Даваме цврста поддршка за Украина, и факт е дека Русија не сака таков глас во Советот за безбедност“, рече Вадефул, додавајќи дека „не е тајна“ дека Русија разбудила чувства против Германија. . „Фактот дека Германија секогаш мора да преземе посебна одговорност за Израел во конфликтот на Блискиот Исток, исто така, може да чинел гласови“, рече тој.
Германија, шест мандати беше ротирачка членка на Советот за безбедност. Новизбраните членки ќе го започнат својот мандат во јануари 2027 година.
