Вести Македонија Топ вести

Тошковски во Топ Тема откри дека неговите истражители во МВР се фрапирани од одлуката на Обвинителството да не продолжи постапката за „мазутот“

Во последното гостување во емисијата „Топ Тема“, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изрази сериозна загриженост и револт во врска со постапката за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, која во моментов е закочена во Јавното обвинителство.

Иако МВР поднесе кривична пријава со обемни докази, Обвинителството досега не ги потврди наводите, што предизвикува тензии помеѓу двете клучни институции за спроведување на законот.

Тошковски откри дека неговите истражители во МВР се фрапирани од одлуката на Обвинителството да не продолжи со процесуирање на случајот, и покрај собраните докази кои укажуваат на незаконско работење.

  • „Кога имате состанок со истражители кои ви велат: ‘Министре, ова што се случува во овој предмет е во најмала мера надвор од памет’, јас прашувам зошто е тоа така. Тие појаснуваат дека станува збор за непостапување согласно доказите кои се темелно анализирани и кои даваат основано сомнение за криминал,“ истакна Тошковски.

Според министерот, МВР ја завршило својата задача со доставување на сите потребни материјали, но сега се соочуваат со „друга слика и друга перцепција“ од страна на обвинителката која го води случајот.

И покрај остриот тон за случајот со ТЕЦ Неготино, Тошковски потенцираше дека соработката со одредени сегменти на Обвинителството е на високо професионално ниво. Тој особено ја истакна соработката со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), која резултирала со разбивање на бројни криминални групи во последните две години.

  • „Морам да констатирам дека со одредени обвинители имаме фантастична соработка, што се покажа преку бројните успешни акции. Одлична е комуникацијата и со дел од обвинителите во Скопје, Струмица и Охрид, кои чесно и професионално си ја вршат работата,“ рече Тошковски.

Министерот потсети на законските овластувања, нагласувајќи дека МВР нема моќ да поднесува обвиненија, туку само пријави.

  • „МВР поднесува кривична пријава врз основа на она што го собрало како доказ. Јавното обвинителство е она кое е должно да ги собере сите докази во рамки на постапката и да донесе одлука за обвинение. На крајот, Судот е тој што пресудува кој е виновен, а кој не,“ заклучи Тошковски, додавајќи дека МВР има можност да поднесе и нова кривична пријава доколку се појават дополнителни сознанија.

Случајот со ТЕЦ Неготино останува еден од најекспонираните примери за различните правни толкувања помеѓу полицијата и обвинителството, оставајќи ја јавноста во исчекување на конечна правна разрешница за набавките на енергенси.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе