Ставот на Владата околу уставните измени и внесувањето на Бугарите во Уставот е една од темите за кои не се сложиле премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, на вчерашната средба во Скопје. Мицкоски и денеска го повтори ставот дека не постои цена што може да го натера да влезе во таква авантура без извесен крај. Убеден е дека во Бугарија драматично се радикализираат околу ова прашање и побара внатрешно обединување.
Мицкоски повторно ја нарече опозициската СДСМ меко ткиво кое не бира средства за да ги урива позициите на владата. Филипче, пак, му врати дека се потврди тоа на што укажуваа постојано во изминатиот период, а тоа е дека гаранции нема да се добијат, ниту, пак, се можни уставни измени со одложено дејство и обвини за лицемерие.
Кошта вчера кажа дека дека само со уставни измени Македонија може да ги почне преговорите со ЕУ и нагласи дека нема простор за нови договори или ново преговарање на веќе усвоената преговарачка рамка.
Далиборка Демјанска Цветановска
