Вести Свет Топ вести

(Видео) Украина со одмазнички напади: Дронови погодија нафтен терминал во Санкт Петербург

Украински беспилотни летала извршија напад врз нафтен терминал во Санкт Петербург, при што според локални извештаи избувнал голем пожар проследен со силни експлозии.

На социјалните мрежи беа објавени снимки од густ црн чад над пристанишната зона, додека руските власти соопштија дека собориле десетици дронови над Ленинградската област.


Русија тврди дека нејзината противвоздушна одбрана уништила 30 дронови во регионот околу Санкт Петербург и уште 13 кои се движеле кон Москва.

Поради безбедносната состојба, аеродромот Пулково привремено ги ограничи летовите, а властите засега не објавија детали за евентуалната штета на нафтениот терминал.


 

Во исто време, според украински и некои руски извори, напад со дрон предизвикал пожар и во фабриката „Прогрес“ во Тамбовската област, која произведува компоненти за руски ракетни системи.

Нападите следуваат еден ден по масовниот руски ракетен напад врз украински градови, во кој загинаа најмалку 23 лица, а повеќе од 100 беа повредени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Левица: Додека од чешмите во Гостивар течел отров, институциите спиеле

Kristina Kuzmanovski

Возел со 4,35 промили алкохол во крвта, полицијата го фати во Кочани

Kristina Kuzmanovski

Нови 50 проценти царини воведе САД за канадските производи

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе