По повод одбележувањето на 100 години од постоењето на Зоолошката градина, Флекс Кредит ДОО Скопје ќе донира специјализиран објект за сместување на дел од животните (влекачи), со што ќе се придонесе кон подобрување на условите за нивен престој, развој и грижа.
Примопредавањето на донацијата ќе биде утре, на настан организирн во Зоолошката градина, а на кој ќе се обратат претставници на Зоолошката Градина Скопје и Флекс Кредит ДОО Скопје.
Во согласност со својата општествено одговорна платформа „Повеќе од финансии – поддршка за заедницата“, Флекс Кредит ДОО Скопје продолжува да инвестира во проекти кои создаваат трајна вредност за локалната заедница.
Компанијата досега има реализирано повеќе од 200 донации и општествено одговорни иницијативи низ државата. (ПР Текс)
