Тимот на ПСЖ го одбрани европски клупски фудбалски трон. Францускиот претставник, по подобро изведување на пенали, го совлада Арсенал со со 2:1 (на пенали 4:3) во финалето на Лигата на шампиони за сезонбата 2025/26.
Прецизни од белата точка за ПСЖ беа Рамос, Дуе, Хакими и Бералдо (Раја го одбрани ударот на Нуњо Мендеш). Сигурни пеналџии, пак, за лондонските „топчии“ беа Ѓокереш, Рајс и Мартинели (Езе и Габриел промашија цел гол).
Натпреварот во основните 90 минути заврши без победник – 1:1. Хаверц обезбеди водство за Арсенал во шестата минута, израмни Дембеле од пенал во 65 минута, по стартот на Москера врз Кварацкелија, што главниот судија, оправдано, го окарактеризира за најстрога казна.
Ова е втора титула на ПСЖ во Лигата на шампиони. Во ланското финале на „Алианц арена“ во Минхен, популарните „светци“ го декласираа Интер со 5:0.
С.Д.
