ЕСМ лани потрошил повеќе пари за мазут како алтернативно гориво за јагленот за термоелектраните во Битола и Осломеј, но и количините биле поголеми.
За енергенсот електрани дале вкупно 33,3 милиони евра и за потребите на двете централи. И во извештајот на компанијата за 2025 пишува дека ЕСМ морал да користи повеќе мазут, поради неквалитетниот јаглен кој е примарен за производство на струја.
Во однос на количината за РЕК Битола биле потрошени 46.747 тони или 16,8 отсто повеќе, а РЕК Осломеј согорил 11.851 тони, или над 40 проценти повеќе во споредено со 2024 тата.
Од бројките во извештајот може да се види дека лани потребните количини јаглен кој се набавиле биле помали во однос на оние од претходната година, па токму тоа е причината за поголемиот дотур на мазут.
Годинава беше прогласена и кризна состојба за да може ЕСМ наместо од надвор потребниот мазут да го зема од домашните државни резерви.
Тогаш објаснувањето беше дека поради блокадите во Грција компанијата има потешкотии да го донесе. А потоа почна и воениот конфликт на Блислиот Исток па се остави можноста повторно да се користат државните резерви затоа што неговата цена се зголеми.
Од друга страна пак производството на струја од државната ЕСМ лани било најмало во последните 10 па и повеќе години.
Иако плановите за 2025 беа дека ќе се произведат нешто над 5.000 гигавати струја, количина која со години не е обезбедена од централите на ЕСМ се произведе нешто над 3.200 гига. ЕСМ и понатаму се бори со својата финансиска состојба.
Иако, првиот квартал годинава прокнижи добивка пред компанијата остануваат уште многу предизвици.
