За пет проценти е намален вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз во споредба со минатата година кој сега изнесува 9.348.000, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на патници е намален во градскиот превоз за 4,7 проценти и во приградскиот за 8,8 проценти, додека зголемување е евидентирано во меѓуградскиот превоз за 9,2 проценти и во меѓународниот превоз за 1,3 проценти.
Вкупниот број на патнички километри изнесува 248.568.000 и бележи пораст од 0,3 проценти. Намалување е забележано во градскиот, приградскиот и меѓународниот превоз, додека меѓуградскиот превоз бележи раст од 7,7 проценти.
