Компанијата „Костал“ денеска одбележува 10 години од работењето во Македонија. Во фабриката се изработуваат автомобилски компоненти и производството е целосно наменето за извоз.
„Ова е единствена браунфилд инвестиција од ваков тип во Македонија. Станува збор за компанија со највисок степен на технолошка софистицираност која произведува производи со висока додадена вредност наменети за извоз“, рече Виктор Мизо, Генерален директор на Костал Македонија
„Денеска Костал вработува 1340 вработени, а наши корисници се „Мерцедес“, „БМВ“, „Порше“,„Ауди“ „Шкода“ и „Сеат“ . Благодарение на вашата доверба КОстал влезе во топ 10 извозници од Македонија и ќе бидеме во топ пет за оваа година“, рече Андреас Костал – претседател на Борд на директори на Групација Костал.
На одбележувањето, присутни беа премиерот, амбасадорката на Германија и претставници од бизнис секторот.
