Фудбалскиот клуб Саутемптон остана без шанса да се бори за влез во Премиерлигата, откако Англиската фудбалска лига го исфрли од финалниот плеј-оф поради шпионски скандал.
„Светците“ нелегално го снимале тренингот на Мидлсборо пред првиот натпревар од полуфиналето во плеј-офот за влез во Премиерлигата. Саутемптон го доби двомечот откако по ремито без голови на првиот дуел, славеше пред своите гледачи на „Сент Мери“ со 2-1 по продолженијата.
Сепак, тимот нема да игра во финалето против Хал Сити на „Вембли“ во сабота за пласман во англиската елита, туку неговото место ќе го заземе Мидлсборо. Саутемптон следната сезона ќе ја почне со минус четири бодови поради скандалот.
Клубот призна дека ги прекршил правилата на Англиската фудбалска лига. Член на стручниот штаб на Саутемптон скришно го снимал тренингот на Мидлсборо пред првиот полуфинален дуел.
*Фотографијата е креирана со помош на вештачка интелегенција.
