Вести Македонија Топ вести

Кој доделил повеќе тендери на фирмата „Мастеф“ – СДСМ и ВМРО ДПМНЕ меѓусебно се прозиваа

Членот на Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Јон Фрчкоски, на денешната прес-конференција презентираше нови наводи за скандал поврзан, како што рече, со фирма блиска до власта која добила тендери од институции на централно и на општинско ниво.

Фрчкоски објави дека фирмата „Мастеф ДООЕЛ“ добила 93 тендери во вкупна вредност од 18,3 милиони евра.

Oцени дека станува збор за систем во кој исти фирми континуирано добиваат државни и општински тендери, и побара институциите да ги испитаат овие наводи.

„Фрчат тендери со милионски суми за едни исти фирми блиски до ВМРО-ОКГ. Шемата е добро позната и разработена. Ова е корупциски систем во кој едни исти фирми добиваат сè. На локално ниво. На централно ниво. Во институциите, општините, сите раководени од кадри на ВМРО-ОКГ“,

Посочи дека дека најголем дел од тендерите што ги добила оваа фирма се реализирани во Град Скопје, од кои последниот е поврзан со тендер за лунапаркот.

„Најголеми суми се реализирани во Скопје, каде е и последниот тендер за лунапарк, истата фирма. Кога Орце ветуваше чистење на градот, очигледно мислел на џебовите на граѓаните, бидејќи ѓубрето стои. Пари се чистат на големо. Државата тоне во долгови. Граѓаните едвај преживуваат. Скопје е во хаос“, кажа Фрчковски.

На овие обвинувања реагираа од ВМРО-ДПМНЕ, отфрлајќи ги како еднострани и политички мотивирани. Од владејачката партија посочуваат дека СДСМ селективно ги презентира информациите и дека истата фирма во минатото добивала значајни тендери токму од општини раководени од кадри на СДСМ.

„Фирмата ‘Мастеф’ во периодот 2018–2021 година била меѓу најчестите добитници на тендери во општините Карпош, Кисела Вода и Аеродром“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека станува збор за јавни набавки во милионски износи.

Од таму велат дека во 2018, 2019, 2020 и 2021 година фирмата добивала повеќе тендери од овие општини, при што се наведуваат конкретни суми и бројки за секоја година.

ВМРО-ДПМНЕ ги повика СДСМ да ги разгледаат, како што велат, сите факти и да направат поширока анализа на јавните набавки наместо селективно да изнесуваат информации.

„Сè е согласно закон и избрани се најповолните понуди“, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе