Вести Економија

Валш: Цената на горивото ја диктира цената на авионските билети во Европа

Aвиокомпаниите не можат да ги апсорбираат зголемените трошоци за гориво на долг рок, иако некои европски компании неодамна ги намалија цените на билетите поради послабата побарувачка, изјави генералниот директор на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт , Вили Валш.

Тој предупреди дека повисоките цени на авионските билети во Европа се „неизбежни“ поради зголемувањето на трошоците за авионско гориво. Ги исткна и ризиците од снабдувањето пред летната сезона, наведувајќи дека британската авијација би можела да се соочи со потенцијален притисок врз снабдувањето со гориво за време на шпицот на сезоната, иако, како што нагласи, „нема причина за паника“.

Според него, дури и во случај на брзо отворање на Ормускиот теснец, нарушувањата на пазарот на нафта и штетите на рафинериите на Блискиот Исток би можеле да имаат долгорочен ефект врз цените на горивата.

Едноставно нема начин авиокомпаниите да апсорбираат дополнителни трошоци“, рече Валш, додавајќи дека сите попусти би биле краткорочни и дека трошоците на крајот ќе бидат префрлени на патниците, пренесува Танјуг.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Нури Бајрами, поранешен член на Антикорупциската комисија

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

СДСМ: ЕК го потврди она што го зборуваме – Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ вршат системски притисок врз судствотото

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе