Вести Економија Топ вести

Инвеститорите во грч, се подготвуваат и за најлошото сценарио од ситуацијата на Блискиот исток

Странските компании во земјава се подготвуваат и за најлошото можно сценарио од воениот конфликт. Очекуваат состојбата таму да им ги зголеми трошоците не само за енергенси, туку и за другите суровини кои ги користат во работата и производството. Пред извесно време од Советот на инвестиции пресметаа дека контејнерскиот транспорт поскапел за над 60 отсто. Претставниците на инвеститорите во земјава велат дека секакви сценарија се во игра, но уверуваат дека активно се подготвуваат дури и за најнеповолниот развој на ситуацијата.

Има најразлични сценарија, не би можел да ви кажам конкретни бројки но во секој случај ги прилагодување плановите и начинот на производство за да може да одговориме и на најлошите сценарија, изјави Боријан Борозанов од Џонсон Мети 

Иако, состојбата  е сериозна за сега не се соочуваат со проблеми во снабдувањето на потребните суровини и материјали.

Во овој момент не, ако ја анализирате целата криза околу Иран, повеќе повеќе во  овој момент е прекинот на синџирите на добавување се сконцентрирани во Азија, индиректни се последиците за европскиот регион. И во овој момент нема нешто што може да ескалира рапидно. Во овој момент е неблагодарно да се каже било каква прогноза цел свет е во некакви исчекување ситуацијата е доста во овој момент не гледам промена на бизнис планови, додава Борозанов 

Плановите за работа кои ги направиле барем во моментов нема потреба да ги менуваат. Неодамна пак и од Советот на инвестиции посочија дека за сега нема намалени нарачки од странство, но дека забележуваат намален обем на испорака на материјалите кои им се потребни за работа.  Како и сите глобални фирми така и оние кои работаа тука се во грч од она што ќе се случува но велат ситуацијата се следи на дневно ниво. Во Европа пак каде најчесто извезуваат инвеститорите кои работата во земјава, компаниите најавуваат намалување на производните единици но и бројот на вработени.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Што претходеше на епидемијата во Гостивар – насилни протести, известувања за да не се пие водата, интервенции во мрежата

Sonja Petrusevska

Живот без вода за пиење на +40, гостиварци бараат санкции за сите одговорни

Sonja Petrusevska

Златко Перински е нов директор на Фондот за здравствено осигурување

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе