Вести Македонија Топ вести

Четири фирми се пријавиле на тендерот за електрични автобуси

Четири фирми се пријавиле на тендерот за набавка на електрични автобуси, што го распиша Министерството за транспорт и врски.

Постапката е затворена, а институциите го чекаат истекот на законскиот рок за пристигнување на понуди по пошта, по што ќе започне и нивната евалуација.

Вкупно се планира набавка на 150 автобуси, од кои 100 се наменети за Скопје, а останатите 50 за други градови низ земјава. Според објавената техничка спецификација, вредноста на набавката се проценува на 51 милион евра.

Автобусите треба да бидат во црвена или бела боја, со најмалку 33 седишта и капацитет од минимум 66 патници. Дел од проектот е и поставување на 75 станици за полнење со моќност од најмалку 120 киловати по приклучок.

Доколку тендерот биде успешен, првите 30 електрични автобуси се очекува да пристигнат шест месеци по склучување на договорот.

Ова е втор обид на Владата да обезбеди електрични автобуси.  Претходниот тендер пропадна затоа што единствениот понудувач не ги исполнуваше бараните услови.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Што претходеше на епидемијата во Гостивар – насилни протести, известувања за да не се пие водата, интервенции во мрежата

Sonja Petrusevska

Живот без вода за пиење на +40, гостиварци бараат санкции за сите одговорни

Sonja Petrusevska

Златко Перински е нов директор на Фондот за здравствено осигурување

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе