Вести Македонија

Митрески со пресуда бара враќање на чело на ССМ, Синдикатот со став – уште еден чекор во низата притисоци

Поранешниот претседател на ССМ, Живко Митрески, повторно со судска пресуда дека е нелегално сменет од сега починатиот Дарко Димовски, од Синдикатот велат уште една во низата судски одлуки кои ќе паднат на Апелација и покрај политичкиот притисок.

Според адвокатот на Митрески, Сашко Станинов, во судската пресуда стои дека Конгресот во 2017 година кога Митрески е сменет и на негово место доаѓа Дарко Димовски се прогласува за ништовен како и Конгресите во 2020 година каде Димовски е реизбран  и во 2023 година кога за претседател на ССМ е избран Слободан Трендафилов

Големо прашање е дали во кафана може без потписи, без присутни делегати, да се смени некој и притоа госпоѓата Ременски тоа да го потврди и да нареди бришење од централниот регистар на легитимниот претседател. А имало технички министер кој не дал согласност и нема негов потпис. Ние имаме две постапки и во управна веќе имаме одлуки“, рече адвокатот Сашко Станинов.

Митрески тврди дека изборот на неговите наследници го спровеле исклучени синдикати и најави враќање во претседателскиот кабинет.

Следниот чекор е воспоставување на владеење на правото во смисла на мое враќање на ССМ. Консолидирање на организацијата која за жал неколку години работи без соодветна програма, освен два збора – „минимална плата“ и „ние работниците““, рече Живо Митрески, претседател на Синдикат за шумарство.

Од друга страна пак од ССМ велат дека ова е уште еден во низата притисоци врз Синдикатот и уште еден во низата обиди на Митрески да застане на чело. Тие веќе поднеле жалба на судската пресуда и очекуваат како и за минатата Апелација да ја укине пресудата бидејќи како што велат Митрески тужи и му се суди на починат човек односно поранешниот претседател Димовски.

„Оваа пресуда е втора во низ иако беше укината од страна Апелацискиот суд минатата година со насока да се утврди дали има правен интерес да се води постапка против поранешен претседател на ССМ кој денес повеќе не е меѓу нас. Повеќе од три години откако тој не е со нас, тие водат постапки, обидувајќи се да докажат дека тој повеќе не е претседател на ССМ. Обидувајќи се да докажат дека поради тоа што тој повеќе не е претседател на ССМ никој друг не може да биде претседател на ССМ, освен дотичниот. Проблем е во Македонија судството да суди на починати луѓе и веројатно затоа довербата е околу три проценти“,рече претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

Незадоволни од отсуството на социјален дијалог и зголемување на минималната плата за само 1.600 денари претседателството на ССМ вчера на состанок донесе едногласна одлука за организирање на традиционалниот првомајски протест под мотото „Се бориме за плати а не се молиме“. Протестот ќе почне во 11 часот пред зградата на ССМ.

Огнен Чанчаревиќ

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе