Агенциите за кредитен рејтин „Стандард и Пурс“ и „Фич“ го потврдија стабилнот кредитен профил на земјата. „Стандард и Пурс“ го задржа кредитниот рејтинг на државата на нивото „BB-“ со стабилни изгледи, додека „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на „BB+“ со стабилен изглед, соопштија од Министерството за финансии.
„Потврдата на кредитните рејтинзи е јасен сигнал за стабилноста на макроекономските политики, умереното ниво на јавниот долг и способноста на државата редовно и навремено да ги сервисира своите финансиски обврски“ соопштија од Министерството за финансии.
Според оценките на кредитните агенции, економскиот раст е поддржан од засилените јавни инвестиции, особено во инфраструктурни проекти, како и од растот на потрошувачката на населението.
„Потврдата на рејтинзите од страна на двете водечки меѓународни кредитни агенции претставува значаен сигнал за доверба во економските политики и охрабрување за продолжување на реформите, со цел обезбедување одржлив економски раст и подобар животен стандард за граѓаните“ кажа министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
