Останато Спорт

Над 550 тркачи ќе ги освојуваат планинските патеки на Водно и Матка

Во недела на 5 април главниот град ќе биде домаќин на едно од највозбудливите спортски случувања во земјава – 9-то издание на меѓународната планинска трка „Водно-Матка треилс 2026“.

Настанот, кој е во организација на спортската асоцијација ТРЕКС, ќе ги собере љубителите на планинското трчање и природата на три различни дистанци: 50 километри, 30 километри и 18 километри, како и детски трки. Стартот и целта на сите трки е лоциран во автентичниот амбиент на Етно комплексот „Македонско Село“ во Горно Нерези.

„Водно-Матка треилс не е само трка, туку промоција на здравиот живот и природните убавини околу Скопје. Оваа година имаме исклучителен интерес и подготвивме патеки кои нудат вистински предизвик за професионалците, но и уживање за рекреативците“, изјави Дејан Крле, директорот на трката.

Организаторите ги покануваат сите граѓани да дојдат во Македонско Село и да ги бодрат натпреварувачите во финиш зоната, и заеднички да го прославиме спортскиот успех на секој учесник.

Поради одржување на меѓународната трка „Водно-Матка треилс“, во недела (05.04.2026), ќе биде воспоставен привремен режим на сообраќај на патот од Македонско село до џамијата во Горно Нерези – сообраќајот ќе биде привремено запрен во три периоди секој од времетраење од 5 минути после секој старт за да поминат тркачите безбедно (во 7, 8 и 9 часот).

Клучни информации за настанот:

  • Старт: Недела, 05.04.2026, со почеток во 07:00 часот (50К), 08:00 часот (30К) и 09:00 часот (18К).
  • Локација: Етно комплекс Македонско Село, Горно Нерези
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мундијалот во американски стил: Шампионите ќе добијат специјални прстени (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Еурофарм Пелистер против екипи од три големи ракометни земји во Европската лига

Sportska Redakcija

 Славко Винчиќ ќе го суди финалето на Светското првенство 2026

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе