Вести Македонија Топ вести

(видео)Илијоски во Топ Тема: Ако одлучиме отпадот од Јегуновце да го товариме во камиони, треба да се натоварат 100.000 камиони- тоа е колона до северот на Шведска

На прашањето колкава количина има во тие 1,1 милион кубни метри отпад од Јегуновце од опасниот отпад, професорот Златко Илијоски, од Градежниот институт на Македонија, во вечерашната Топ Тема рече дека станува збор за депонија која може да се сврсти во категорија на депонија за опасен отпад со содржина на металуршки отпад.

  • Значи, самата номенклатура, согласно според тоа што во неа има 350.000 тони бихроматно блато кое е опасен отпад, самата депонија треба да има назив „депонија за опасен отпад“. И сега, во сите идни активности, дали решавање на проблемот со депонијата или преработка или било каква активност, треба да се земе во предвид дека станува збор за депонија за опасен отпад. Тоа што е опасно се тие 300, во некоја литература стои 300.000 тони бихроматно блато, во некоја литература 350.000 тони бихроматно блато, кои се разместени во целокупниот материјал кој е со волумен од 1.100.000 метри кубни, а е со тежина од 2,2 до 2,3 милиони тони. Значи, тоа е огромна количина на материјал. Јас имам илустративно кажано и во друга емисија – ако одлучиме тој отпад да го товариме во камиони, треба да се натоварат 100.000 камиони по 23 до 24 тони отпад. Ако еден камион има должина 15 метри, 15 метри оставиме простор, ќе направиме колона до северот на Шведска. Значи, станува збор за огромна количина на материјал која во себе ги содржи тие 7.000 тони шестовалентен хром, објасни сликовито професорот Илијоски.

На прашањето што значи тој шестовалентен хром, тој презентираше некои пресметки, па така 1 грам од шестовалентниот хром е доволен да контаминира 100.000 литри вода.

  • Еден грам ќе контаминира 10 цистерни по 10 метри кубни вода, 100 кубни метри вода, односно 100.000 литри. 2,7 килограми се доволни да контаминираат вода за пиење која Скопје ја троши за еден ден. А 1.000 килограми, односно 1 тон, ќе контаминира количина на вода што градот Скопје ја троши во текот на една година. 7.000 тони, по претпоставка, теоретски да симулираме дека 7.000 тони шестовалентен хром можат да дојдат во контакт со пивка вода, ќе контаминираат количина на вода еднаква на 12 Охридски Езера, или количина на вода која е еднаква на вкупната годишна потрошувачка на вода за целокупната светска популација од 8 милијарди жители. Значи, кој сака да се занимава со математика, нека стави: 7.000 тони е еднакво на 7 милиони килограми, а дозволената содржина е 0,01 милиграм на литар, пресмета професорот Илијоски.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Папата Лав XIV: Војната носи смрт, дипломатијата е единствен пат до мирот

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

За Иран Ормутскиот теснец е затворен додека за САД е отворен – контрадикторни ставови за состојбата на поморскиот премин

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе