Вести Култура Македонија

Завршна фаза на темелна реконструкција на конакот од 1883 во Лешочкиот манастир

Конакот при црквата Свети Атанасиј во тетовски Лешок, кој е објект заштитен како културно наследство, веќе со години е во фаза на конзерваторско-реставраторските интервенции.  Министерот за култура и туризам Зоран Љутков и директорот на Националниот конзерваторски центар Александар Јордановски при денешната посета таму, најавија дека годинава ќе завршат градежните работи. Внатрешноста на објектот ќе го уредува Црквата.

„Веќе сме во завршна фаза за конзервација, реставрација и санација на стариот конак, кој  е интегрален дел од манастирскиот комплекс. За реализација на овој значаен проект се издвоени шест милиони денари, а целосно завршување се очекува некаде до крајот на јуни“,  рече  министерот за култура Зоран Љутков.

„Следува набавка на прозорци кои се доста на бројка, преку стотина прозорци и потоа следува средување на фасадата, со метод за да се зачува оригиналноста на фасадата“, рече Александар Јордановски, директор на НКЦ.

„Ние како црква внатрешно ќе го уредиме за намената која што слушнавте, а тоа е сместување на посетители и луѓе кои што се заинтересирани за верскиот туризам.  Така конакот ќе биде целосно активен и пуштен во употреба за сите добронамерници, секој што ќе сакаат да преноќеваат во овој конак“, изјави г.Јосиф, Митрополит на Тетовско-гостиварската епархија.

Александар Самарџиев

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел и Либан донеле одлука за примирје на целата либанска територија

Kristina Kuzmanovski

Германија за првпат не успеа да освои непостојано место во Советот за безбедност на ОН

Дејан Дејан

Тензии меѓу Белград и Подгорица пред Самитот со ЕУ во Тиват – тајната служба го советува Вучиќ да не патува

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе