Вести Култура

„Кубанска џез експлозија“: Националниот џез оркестар со Ален Перез во Скопје

На 16 април, со почеток во 20 часот, Националниот џез оркестар ќе одржи ексклузивен концерт „Кубанска џез експлозија“ во Националната опера и балет во Скопје, заедно со светски реномираниот кубански музичар Ален Перез и неговата осумчлена ритам-секција „Оркестра“.

Настанот е дел од европската турнеја „Ла Фиеста“, која ја носи автентичната енергија на кубанската музика на најзначајните сцени низ Европа. Со спој на салса, тимба и џез, концертот ветува вечер исполнета со ритам, страст и врвна музичка изведба.

Ален Перез е мултиинструменталист, пејач, композитор и продуцент со богата интернационална кариера.

Светското признание го стекна како член на легендарниот состав „Иракере“, под водство на Чучо Валдес, како и преку соработката со фламенко-иконата Пако де Лусија.

Во текот на својата кариера, Перез соработувал со бројни светски музички имиња, градејќи препознатлив звук што ги обединува салсата, тимбата, џезот и фламенкото во енергична и автентична музичка целина.

Добитник е на престижни награди како „Греми“ и „Латин Греми“, а денес се смета за еден од најзначајните претставници на современата афро-кубанска музика.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Брисел алармира за притисоци врз судството – власта со нови критики, опозицијата обвинува за заробени институции

Дејан Дејан

За 24 часа – 260 нови пациенти побарале помош во гостиварската болница

Igor Trajkov

Ослободителната пресуда за Талир 2 се пишува, од Кривичен велат ќе биде доставена во најкус можен рок

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе