Вести Економија Најважни

Од утре поскапува лебот

Дел од пекарниците во Штип, Кочани, но и од Прилеп и Битола од утре најавуваат зголемување  на белиот леб и оној од 450 грама кој сега се продава по цена од  35 денари,  но и на стандарниот леб тип 500 векна.  Граѓани пак до Телма соопштија дека сецканиот бел леб, веќе во одредени продажни места го купуваат по цена од 40 денари.

Пекарот Малинов од Штип за Телма изјави  дека лебот одамна не добил нова цена, а трошоците за производство се значително зголемени.  Проблеми очекуваат сега и со новите глобални случувања и растот на цената на енергенсите.

„како што имам информација од колегите и од штип и од кочани ќе има поскапување на стандардниот леб тип 500 векна зборувам за несечен леб кој е со сегашна цена од 30 денари ќе поскапи некаде околу 3 до 5 денари. значи цената би била 33 до 35 денари, продажна зборувам. Лебот веќе подолго време го немаме покачено со оглед на тоа што трошоците ни се енормно зголемени. не зборувам за пакуваниот леб, но имам информација дека и тој ќе поскапи“, вели МАЛИНОВ.

Претходно поскапеа и зејтинот и јајцата, а според реакциите на граѓаните растат и цените на зеленчукот на пазарите, особено на пиперките и доматите.

Трендот на поскапувања создава дополнителен притисок врз домашниот буџет.

Според последните податоци на Сојузот на синдикати, потрошувачката кошничка за три месеци е зголемена за над 2.000 денари.

Меѓувреме, минималната плата е зголемена за 1.600 денари, но останува прашањето дали тоа ќе биде доволно за да ги ублажи растечките трошоци за живот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

8 убиени и 62 повредени лица во украински напади на два магацини на најголемата руска компанија за онлајн трговија

Igor Trajkov

Почина Нури Бајрами, поранешен член на Антикорупциската комисија

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе